еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Венецуела на работ од граѓанска војна, светските сили повторно поделени

Кулминира состојбата во Венецуела откако опозицијата со протести се спротистави на новиот мандат на актуелниот претседател Николас Мадуро, кој нема намера да ја предаде власта и се заканува со поддршка од армијата.

Опозицијата со денови протестира во повеќе градови, а повеќе од 200 лица беа приведени и најмалку 16 демонстранти се загинати.

Претседателот на Парламентот Хуан Гуаидо синоќа се прогласи за привремен претседател и даде заклетва. Веднаш по тој потег американскиот претседател Доналд Трамп го призна официјално Гуаидо за вршител на должноста, претседател на Венецуела.

Тој ги повика и другите западни влади да го признаат Гуаидо и најави продолжување на притисокот врз Каракас. Државниот секретар на САД, Мајк Помпео го повика Мадуро да ја напушти претседателската функција и ја повика армијата на Венецуела да ги поддржи напорите за обнова на демократијата.

Венецуелскиот министер за одбрана Падрино Лопез објави дека армијата е на страната на Мадуро и не го признаваат Хуан Гуаидо за претседател на Венецуела. Мадуро соопшти дека државата ги прекинува дипломатските односи со САД .

Официјален Брисел, преку ставовите на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и шефицата за надворешна политика, Федерика Могерини, порача дека единствен демократски орган во Венецуела е парламентот, а не претседателот Николас Мадуро.

На објавите од САД и Брисел, реакции пристигнаа од Русија и од Турција.

„Нашиот претседател му се јави и му изрази поддршка на венецуелскиот колега Николас Мадуро, велејќи му: ‘Мој братe Мадуро! Главата горе, ние сме со тебе!“, објави портпаролот на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, Ибрахим Калин.

Заменик-шефот на дипломатијата на Русија, Сергеј Рјабков, ги предупреди САД да не се мешаат воено во ситуацијата во Венецуела, бидејќи тоа би повлекло сериозни последици.

„Ги предупредуваме САД воено да не се мешаат во Венецуела. Сметаме дека тоа би било катастрофално сценарио кое ќе ги потресе темелите на развојот забележан во Латинска Америка“, изјави Рјабков.

Видео/Фото:Youtube/OBCN media/Perfil

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден од исчезнатите Македонци на Халкидики пронајден жив и е во добра здравствена состојба

Редакција

Aхмети: ДУИ освои над 100 илјади гласови и 12 мандати

Редакција

Министерот Бектеши го брани синот на Ахмети, 99% од бизнисот му бил поврзан со Швајцарија

Редакција