еМагазин
Image default
Бизнис

Еуромакс целосно е посветена на заштита на животната средина – без цијанид и сулфурна киселина

Еуромакс Ресоурцес (Еуромакс), концесионер на проектот за рудник за бакар Иловица – Штука, појаснува дека ќе го развива рудникот во согласност со сите национални закони, вклучувајќи ги и последните измени на Законот за минерални суровини, предложени од политичката партија ДОМ и усвоени во Парламентот.

“Проектот на Еуромакс е целосно усогласен со законските измени кои забрануваат употреба на цијанид и сулфурна киселина во процесот на преработка на рудата. Во декември 2017 година, најголемите акционери и Одборот на Еуромакс, земајќи ги предвид загриженоста на локалната заедница и граѓанските здруженија, одлучија овој проект да се развива без употреба на цијанид.

Притоа, во проектниот план ги задржаа само физичките процеси на обработка на рудата, а добиениот концентрат на бакар да се транспортира до топилница во Бугарија“, велат од компанијата.

Во однос на сулфурната киселина, Еуромакс нагласува дека таа никогаш не била предвидена да се користи во проектот. Со ова проектот е усогласен со изменетиот закон.

„Од особена важност е да се создаде модерен рудник кој нема да ја деградира и уништи животната средина, туку повеќе ќе создава можности за економски развој, како и подобрување на стандардите и мерките за заштита на животната средина во регионот. Имаме заедничка одговорност со засегнатите страни, а тоа е заштита на животната средина.

За таа цел ќе се формира независно тело кое ќе го следи секој чекор во претстојните фази на нашиот проект, а ќе вклучува независно следење на квалитетот на почвата, водата и локални земјоделски производи.

Првично ќе бидат земени примероци од почвата и од локалните земјоделски производи за да се потврди дека се одржуваат постојните стандарди и дека нема загадување.

Се предлага следењето да не го прави самата компанија, туку независно тело составенo од локални жители и локални експерти, граѓански здруженија и претставници од релевантни факултети како најкомпетентни институции во земјата. Постојат примери во индустријата каде таквата контрола функционира добро“, истакнуваат од Еуромакс.

Компанијата нагласува дека планирањето на проектот ги зема предвид грижите на локалното население кое го користи земјиштето во областа каде што рудникот ќе се гради и ќе се развива според највисоките меѓународни стандарди, како и согласно измените на Законот за минерални суровини, изгласани на 9 јануари во Собранието.

„На овој начин, само ја потврдуваме посветеноста на компанијата за заштита на животната средина и на здравјето на луѓето и продолжуваме да работиме според највисоките и современи стандарди во областа на рударството“, велат од Еуромакс.

Еуромакс останува во постојана комуникација со сите засегнати страни и надлежни институции во насока на понатамошен развој на проектот, ги поздравува и поканува сите заинтересирани страни кои сакаат дополнително да се информираат за проектот, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Звучни имиња на најновата листа должници на УЈП

Редакција

„Макстил“ оствари добивка од 1,9 милиони денари за девет месеци

Редакција

Изградбата на пругата кон Бугарија ќе продолжи во првиот квартал следната година, најави Бочварски од Софија

Редакција