еМагазин
Image default
Локално

МВР со детали: Претепани полицајци во „Шутка“ по пријавен обид за киднапирање

На 28.01.2019 околу 17.20 часот е пријавено дена на улица “Индира Ганди” во Шуто Оризари малолетничка наводно видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор, информира МВР.

Околу 19 часот на истата улица се собрала поголема група граѓани и тогаш наишло патничко моторно возило “Хјундаи галопер” во кое се наоѓале А.Р.(34) од Скопје и Ф.К.(24) од село Долно Блаце, скопско, полициски службеници кои не биле на работа и Б.К.(39) исто така од село Долно Блаце при што истите биле нападнати од насобраните граѓани.

На Ф.К. и Б.К. им биле нанесени тешки телесни повреди и биле пренесени во Градска општа болница “8-ми Септември” и комплекс клиники “Мајка Тереза”. На А.Р. му биле констатирани телесни повреди.

Со телесни повреди се здобил и полициски службеник кој преземал службени дејствија на местото на настанот. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот. Во текот на вчерашниот и денешниот ден (до објавувањето на извадокот) нема пријава за исчезнато или грабнато лице од ниту едно семејство на подрачјето на Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одлична вест: Берово доби пешачка и вело-патека

Редакција

Кои се најдобрите трговски објекти во категоријата „салони за мебел“ во Скопје за 2019

Редакција

Воз удрил во маж кај железничкиот мост на Маркова Река, починал на лице место

Редакција