еМагазин
Image default
Локално

Шест нови случаи со морбили во Скопје и околината, меѓу нив бебе од 42 дена

Шест нови случаи со мали сипаници се регистрирани во Скопје и околината, информираат од Министерството за здравство. Меѓу заболените е и бебе на возраст од една и пол година од Чаир, кое е на домашно лекување.

Од шестмината заболени, три деца се на болничко лекување, од кои едното е двегодишно дете од село Моране, другото е двегодишно од Ѓорче Петров, кое не посетува детска градинка, а третото е дете на возраст од 3,5 години, кое исто така не посетувало градинка.

Oд почетокот на епидемијата, досега, се регистрирани 117 случаи со морбили.

Во моментов, на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 27 лица со ова заболување.

Од почетокот на епидемијата, до денес, се вакцинирани 4.815 лица. Во стабилна здравствена состојба се 35-годишната пациентка и бебето, кои вчера беа хоспитализирани. Во овој момент се уште нема услови за прогласување епидемија во други градови, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заразата со мали сипаници се шири низ земјава, во Гевгелија регистрирани две дечиња со морбили

Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Невреме во Охрид: Oткорнат кров од зграда оштетил повеќе куќи и автомобил

Редакција

Крвава семејна расправа: Скопјанка со нож му нанела убодна рана на сопругот

Редакција

Директорка на градинка со лажен сертификат за англиски јазик изваден во Бугарија, дошла до функцијата

Редакција