еМагазин
Image default
Локално

Скопјанка ќе се самозапалела горејќи стари алишта

Во СВР Скопје вчера во 11:50 часот било пријавено дека на улица „Радишанска“ настанал пожар на терасата од куќата сопственост на П.С. (73) од Скопје, информира МВР.

Пожарот, според пријавеното, настанал откако П.С. запалила стари алишта, при што била зафатена балконската врата.

Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Физички го нападнал бидејќи сакал да паркира во кругот на Психијатарската болница во Скопје

Редакција

Кратка раправија во прилепска продавница завршила со ќотек

Редакција

Во дворот пронашол седум гранати од Првата светска војна

Редакција