Комисијата за надворешни работи на Собранието денеска ќе одржи седница на која ќе ги разледгува тезите за завршен разговор пред стапување на должности на 10 амбасадори односно вонредни и ополномоштен амбасадори.
Оливер Крлиу ќе биде амбасадор на Македонија во Шпанија, Игор Џундев вонреден и ополномоштен амасадор и постојан претставник во меѓународните организации во Виена.
Вонредни и ополномоштени амбасадори ќе бидат Екрем Ебиби во Босна и Херцеговина, Горан Стевчевски во Унгарија, Ненад Колев во Австрија, Абдулкадар Мемеди во Обединетите Арапски Емирати, Сузана Зеленковска во Словенија, Рамадан Азифи во Германија, Крум Ефремов во Украина и Мира Крајачиќ во Кралството Шведска.
Речиси сите кандидати се професионални дипломати кои доаѓаат од редовите на Министерството за надворешни работи.