еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

(Видео) Досега реализирани околу 5 милиони евра инвестиции преку првиот повик од ИПАРД 2

Едукативните денови во рамки на работилниците за ефикасната искористеност на ИПАРД 2014-2020 фондовите продолжуваат во Куманово и Крива Паланка.

Министерот Љупчо Николовски со заменикот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Авдул Селам Селами, и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, вчера ги запознаа земјоделците со ИПАРД II Програмата која што е поддржана преку мерката за Техничка помош од самата Програма, односно со процедурата за поднесување барања, изработка на проекти и со бенефитите што ги нуди оваа програма.

Мерките од европската ИПАРД Програма нудат финансиска поддршка за модернизација на земјоделските стопанства, поддршка во преработувачката индустрија на земјоделски производи како и поддршка на диверзификација на бизнисите во руралните средини.

Целта на програмата е да се обезбеди производство на конкурентни земјоделски производи со повисока цена, со намалување на производните трошоци преку инвестициите во производството и крајно поголеми приходи.

Првиот јавен повик за ИПАРД II Програмата во 2017 година започна со вкупен износ од 80 милиони евра наменети за развој на земјоделството и руралниот развој.

„Со задоволство можам да информирам дека на првиот повик кој што заврши во јули 2017 година до денес имаме склучено 930 договори чиј што износ надминува 18 милиони евра.

Од вкупниот број на договори, за над 550 договори е поднесено барање за исплата. Што значи реазлизирана е инвестиција во износот од околу 5 милиони евра, а за 129 договори веќе целосно се исплатени средствата во вредност од 1,5 милиони евра“, изјави Љупчо Николовски.

ИПАРД II програмата нуди многу можности за секој земјоделец. Заменикот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Авдуљ Селам Селами рече дека: „ИПАРД програмите будат голем интерес кај земјоделците од сите региони. За првпат имаме и надминување на буџетот од 13,2 милиони евра“, изјави Селами.

Во тек е јавниот повик за мерката 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства”, за која што крајниот рок за поднесување барања е до 9-ти овој месец, а вкупната финансиска поддршка за оваа мерка е 12 милиони евра.

Мерката опфаќа инвестиции во изградба или реконструкција на објекти за добиточна храна, складишта за храна, оранжерии, капацитети за ладење – калибирање и пакување на земјоделски производи, опрема за земјоделство, системи капка по капка и друго, а во тек е и проверка на документацијата од Јавниот повик по мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” кој заврши пред три дена.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку оваа едукативна програма го поттикнуваат развојот на земјоделството со цел да се создадат успешни проекти кои ќе овозможат поголемо искористување на средствата предвидени со ИПАРД II Програмата, а со тоа и сигурен и стабилен развој на македонското земјоделство во руралните средини.

Кампањата за едукација продолжува и во следниот период во различни градови во државата.

Видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За португалската министерка за Европа, македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот

Редакција

Португалскиот министер Силва: Цел ни е Скопје и Тирана да ги почнат преговорите за време на португалското претседателство со ЕУ

Редакција

Која е Урсула фон дер Лаин: Мајката на седум деца што го крши мразот во европската политика

Редакција