еМагазин
Image default
Локално

Кај арачиновец откриени триесет килограми марихуана

На 07.02.2019 година околу 20,00 часот, на регионалниот пат Дебар – Маврово, во близина на Мелнички мост, сопрено е патничко моторно возило „Цитроен“, со скопски регистарски ознаки управувано од Ќ.М. (63) од скопско Арачиново, информира МВР.

При преглед на возилото, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три јутени вреќи со околу 30 килограми марихуана. Ќ.М. е приведен, а по дополнително преземени мерки, на граничниот премин „Блато“, во близина на Дебар, приведени се и албанските државјани Д.Ц. (41) и А.М. (45).

По наредба на надлежен Јавен обвинител, приведените лица се задржани во полициската станица во Дебар за натамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драма во Гевгелија: Ја нападнал поранешната сопруга и се заканувал на семејството

Редакција

Нападнал полицаец сакајќи да избега за време на полицискиот час

Редакција

Три лица кои учествувале во нападот на полицаецот во скопски Бутел се во бегство

Редакција