еМагазин
Image default
Македонија

Ќе распише ли Џафери денеска претседателски избори

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска треба да ги распише претседателските избори, за кои првиот круг треба да се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај.

Согласно Изборниот законик, не треба да поминат повеќе од 90 и не помалку од 70 дена од распишување на изборите до денот на нивно одржување.

Мандатот на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов завршува на 12 мај.

Политичките партии досега немаат објавено кандидати за претстојните претседателски избори. Двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ своите кандидати решија да ги избираат преку јавен оглас.

Од СДСМ се уште немаат соопштено дали се пристигнати кандидатури. Генералниот секретар Александар Кирацовски потврди дека процесот е во тек и оти на партиски конгрес на 3 март ќе биде официјалниот избор на кандидатот.

На огласот, пак, на ВМРО-ДПМНЕ пристигнале 10 кандидатури од кои една по истекот на рокот, по што партијата ги објави имињата на кандидатите од кои на конвенција на 16 февруари ќе изберат еден кој ќе влезе во трката за шеф на државата.

Од ДУИ иако велат дека имаат официјален став дека на изборите може да настапат со свој кандидат, сепак, оставаат можност пред истекот на рокот за поднесување на кандидатурите да постигнат и друго решение. ДУИ, вели пратеникотн Џевад Адеми, е комотен има и кандидати и квалитети и опции. И некои од помалите политички партии најавија дека на изборите ќе одат со свои кандидати.

На седница на собраниската Комисија за избори и именувања денеска треба да биде утврдена Предлог листата со канидатите за членови на новиот состав на Антикорупциската комисија. Изборот треба да помине и на пленарна седница најдоцна денеска за Комисијата да може да го следи и  претстојниот изборен процес во делот на финансирањето на политичките партии.

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 86 болни од Ковид-19

Редакција

Видео од инцидентот на Бугарите со полицајците на Деве Баир

Редакција

(Видео) Спасовски: Тоа што МВР претресуваше фирма поврзана со Орка холдинг, е коинциденција со почеток на судењето со Камчев

Редакција