еМагазин
Image default
Македонија

Иванов се сретна со Ердоган

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчера попладне во Истанбул се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Како што соопшти прес-службата на претседателот, двајцата претседатели изразиле задоволство од високото ниво на севкупните политички односи и содржајната билатерална соработка меѓу Македонија и Турција.

Во разговорите претседателот Иванов и претседателот Ердоган размениле мислења за актуелните политички случувања во двете земји, односно за престојните претседателски избори во Република Македонија и за локалните избори во Република Турција.

Македонскиот претседател изразил сочуство до турскиот претедател за неодамнешната несреќа во Истанбул, каде што при рушење на зграда животот го загубија повеќе лица.

На средбата двајцата претседатели разменија мислења и за тековните случувања и предизвици со кои се соочува регионот и Европа, се додава во соопштението. 

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфо Шкип: Tројното убиство во Дебар го извршила поголема ќерка на семејството Поцеста

Редакција

14 лица не го почитувале полицискиот час, 534 казни за неносење маска

Редакција

Турција дала рок за екстрадиција на Палчо, Лога не кажа кога

Редакција