Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова се заблагодарува на поддршката за изборот.
„Немам зборови како да ви се заблагодарам за поддршката. Длабоко во ноќта останав да ги читам вашите пораки и да одговарам на нив. Ве има многу. Сите барате надеж работите да се вратат во нормала. Вистинските вредности да победат. Правото и правдата да се воспостават!
Ве има секакви. Оние кои никогаш не гласале ЗА, туку против.
Оние кои гласаат за ВМРО и препознаваат дека не сум партиски човек, но и дека сум искрен родољуб кој нема да погази Устав и закон и ќе го применува исто кон сите! Оние кои гласаат традиционално за СДСМ или се членови, но кои сметаат дека е време работите да се сменат и да се даде простор на идеи и личности што вредат.
Оние кои се спремни да поминат преку етничката бариера зашто партиите и лидерите не делат, а вредностите ни понираат до бескрај. Оние кои никогаш не гласале, или дури се иселиле од земјата од разочараност од состојбите, но кои конечно ќе излезат на гласање затоа што имаат кандидат со вредности и принципи на правда и правдина кои никогаш нема да ги напушти!
На сите ви благодарам! Тоа и го посакувам! Да бидам претседател кој обединува во овие тешки времиња! Ќе продолжам да ги следам вашите реакции и критики и во кампања иако можеби нема да можам со иста динамика да ви одговарам на пораките! Се надевам на разбирање“, вели Силјановска-Давкова.
Фото: Фејсбук-профил на Силјановска-Давкова
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе ја добиеме ли првата жена претседател: Која е Гордана Силјановска – Давкова
Силјановска по изборот: Не не сум националист, јас сум за владеење на правото