еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ќе ја добиеме ли првата жена претседател: Која е Гордана Силјановска – Давкова

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Гордана Силјановска – Давкова на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја доби подршката од партијата да биде нејзин кандидат за престојните избори за претседател на државата.

Таа е првиот официјален учесник во трката за наследник на Ѓорге Иванов.

Не сум националист, јас сум за владеење на правото

Таа по изборот, им заблагодари на делегатите за довербата, посочувајќи дека многу добила од Македонија и дека е време да и врати за тоа.

„Мене ми е јасно дека не може да се оди на избори, а камоли да се победи ако зад Вас не застане силна партија, а исто така, некој кој добил доверба од силна партија има обврска постојано да се држи до она што е најважно, односно владеењето на правото не води само во ЕУ, рече Силјановска Давкова.

Се осврна и на обвинувањата дека е националист.

„Не не сум националист, јас сум за владеење на правото. Законите треба да бидат во рамките на Уставот за да бидат добри. Родена сум во Охрид, во турска куќа, а од 10 години мојот брат има побратим Албанец. Може ли некој кој расте во таква средина да биде националист?“, рече Силјановска, која потсети на деветте позитивни извештаи од Европската Комисија.

„Советот велеше дека проблемот е во името, е па сега нека размислат. Тие се на ред да и пружат рака на Република Македонија, бидјеќи од секогаш сме биле дел од Европа“, рече Силјановска.

За студентите е еден од најинспиративните професори

Според неодамнешното истражување на Факултети.мк спроведено на повеќе факултети во рамките на УКИМ, помеѓу кои и на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Силјановска-Давкова е еден од најинспиративните професори.

За нејзе студентите велат дека е професионална, објективна и пријателски расположена.

Студентите велат дека најфасцинантно кај Силјановска-Давкова е што на предавањата, покрај програмата што е задолжителна од учебниците, внесува и многу други теми, како историски така и актуелни.

На испитите што се полагаат кај неа, посочуваат студентите, никогаш не бара точно раскажани реченици од точка до точка, туку поставува прашања со кои би можеле да ги искажат сопствените ставови на одредена тема.

Таа никогаш, истакнуваат анкетираните студенти, не ја намалува оценката само затоа што студентот размислува на различен начин од неа.

Силјановска-Давкова е редовен професор на Институт за правни и политички науки при Катедрата за уставно право и политички систем.

Нема да и биде прв пат во политика

Нејзината работа како научник е фасцинантна. Има објавено над 200 трудови од областа на правото, политиката, законодавството…

Докторирала на Универзитетот во Љубљана во 1993 година.

Кога е во прашање нејзината професионална кариера, за нејзе нема граници. Дел е од бројни меѓународни групи на експерти, комитети, совети…, од различни области.

Експерт е за избори, родова застапеност…, и е еден од основачите на тинк-тенк организацијата Еуро Балкан.

Не и е непозната политиката. Имено таа беше министер без ресор во владата на СДСМ од 1992 до 1994 година.

Мајка е на две деца.

Повеќе податоци од нејзината професионална кариера, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ за изборот на Силјановска: Извршител на Христијан Мицкоски

Гордана Силјановска – Давкова е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата

Фото: Фејсбук/Силјановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Во Лондон уапсен основачот на Викиликс, Џулијан Асанж

Редакција

Овошните насади во Преспа се 100 проценти уништени

Редакција

И големите маркети се надеваат на помош од државата, бидејќи сметките за струја им биле шест пати повисоки

Редакција