еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ за изборот на Силјановска: Извршител на Христијан Мицкоски

Како што се очекуваше, Мицкоски денеска го официјализираше својот кандидат кој застана рамо до рамо со него, тргна против напредокот, против НАТО и ЕУ, по стапките на Иванов и Никола Груевски, велат од СДСМ за изборот на Гордана Силјановска-Давкова за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

„Гордана Силјановска денеска имаше шанса да покаже дека се разликува, дека е против антизападните политики на Мицкоски и да се огради од нив, но тоа не го направи. Силјановска не се огради ниту од криминалните политики на Никола Груевски, ниту од деструктивните активности на Христијан Мицкоски против напредокот на нашата земја, против Договорот од Преспа, против НАТО и ЕУ.

Исто така, Силјановска не го осуди ниту говорот на омраза и поделбите на граѓаните кои што доаѓаа од нејзини колешки, колеги, блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Предлог на Силјановска, да се формира експертско тело за „подразмислување“ требаше да го понуди во нејзината ВМРО-ДПМНЕ и антизападното раководство на чело со Мицкоски. Гордана Силјановска покажува дека не е ништо друго освен уште еден извшител на Христијан Мицкоски. На нашата татковина не и е потребен уште еден партиски полтрон како што беше Ѓорѓе Иванов“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силјановска по изборот: Не не сум националист, јас сум за владеење на правото

Гордана Силјановска – Давкова е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Не е нормално да летате од Софија за Скопје преку Виена“: Победникот на изборите во Бугарија, Петков најави нов пристап и подобри односи со Македонија

Редакција

По смртта на Ружди Љата, Хекуран Дука привремен градоначалник на Дебар

Редакција

Нови 333 случаи на Ковид-19 од 2.259 тестирања

Редакција