еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Захариева: РС Македонија ќе има место во ЕУ кога ќе биде подготвена, во моментов не е

Рeпублика Северна Македонија ќе има место во Европската унија кога ќе биде подготвена. Во моментов, Бугарија смета дека не е подготвена, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

– Бугарската дипломатија не може да си дозволи да води политика на оцрнување на друга земја, што, за жал, ја гледаме во Скопје. Ние сме земја-членка на Европската унија, рече Захариева за БНТ пред денешниот министерски состанок на ЕУ на кој се очекува да стане збор за преговарачката рамка за Северна Македонија.

Според Захариева, властите во Скопје многу погрешно сметале дека Софија ќе биде „притисната“ за да ја смени својата позиција.

Бугарија, вели Захариева, продолжува да биде поддржувач на проширувањето на ЕУ и тоа не е само декларативно. Упати совет до Скопје да не се откажува на првата потешкотија со која се соочува на патот кон ЕУ – одобрувањето на рамката за преговори.

– Тешкотиите допрва следуваат, процесот не е лесен. И Бугарија тргна по таков пат. Потоа, кога страстите ќе стивнат, вклучително и во Бугарија, и ќе почне да се размислува помалку емотивно, кога ќе престанат да се држат до градење држава заснована единствено на антибугарската идеологија – тогаш ќе добијат многу повеќе, изјави Захариева.

Таа најави дека планира да се појави пред бугарскиот парламент и да одговори на сите пратенички прашања во врска со РС Македонија, откако минатиот петок тоа беше одложено поради службено патување во сранство.

МИА/Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Како изгледа штадот на Македонија: Во Белград отворен саемот „Винска Визија на Отворен Балкан“

Редакција

Ќе успее ли Оливер Андонов да го смени Мицкоски, во што не успеа „Мериот коалицијата„?

Редакција

Бугарската фондација “Македонија“ купила македонски фудбалски тим, тврди претседателот Стојанов

Редакција