еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе успее ли Оливер Андонов да го смени Мицкоски, во што не успеа „Мериот коалицијата„?

Од нигде никаде со инцијатива за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се јави Оливер Андонов, кој на јавноста најмногу и е познат по тоа што беше еден ден министер за внатрешни работи, како кадар на партијата, чиј член е.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Оливер Андонов прави фракција во ВМРО-ДПМНЕ, ќе го менува Мицкоски

На прес-конфренција соопшти дека Мицкоски е политички потрошен и дека треба да си замине од лидерската позиција во ВМРО-ДПМЕ и најави почетокот на работата на Фракцијата за демократизација и реорганизација, односно ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ.

– Денешната прес-конференција е со единствена тема – јавен и отворен повик до Мицкоски да си даде оставка од својата позиција претседател на ВМРО-ДПМНЕ и да го отвори со тоа патот да се извршат неопходните демократски промени во ВМРО-ДПМНЕ и партијата која во почетокот на своето создавање во деведесеттите години беше симбол на македонската демократија, повторно да се врати на пиедесталот како нормална демократска партија, рече Андонов.

Според Андонов, фракцијата е поддржана од ветерани, основачи на ВМРО-ДПМНЕ, обични членови, од некогашни функционери на партијата, но и од луѓе во актуелното раководство.

-Јас и луѓето кои се тука, а веројатно и мнозина други кои се и внатре во партијата го мислат истото, но од причина што не сакаат Мицкоски да им биде на врат, односно да ги малтретираат, не излегоа денеска со нас, останаа затскриени, рече Андонов, кој нагласи дека не станува збор за паралелна структура, туку дека ќе делуваат внатре во партијата како фракција.

Мицкоски пак не сакаше да го коментира барањето на Андонов и другите членови на партијата за негова смена и изјави дека од неговиот избор за прв човек на опозициската партија се бара негово менување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Не можам да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ има фракции, се обидуваат да ме сменат четири и пол години

– Кого? Не можам да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ има фракции. Инаку, мене такви луѓе четири и пол години ме менуваат, а ВМРО-ДПМНЕ е се појако, пообединето, посплотено. Така ќе биде и на следните предвремени парламентарни избори со рекордна победа, со мнозинство во Парламентот.

За него немам што да го губам вашето време да го коментирам, изјави Мицкоски.

Оваа е втора инцијатива за смена Мицковски.

Пред околу две години повеќе истакнати поранешни функционери на партијата, меѓу кои и Ивица Конески, Никола Тодоров, Митко Јанчев, Никола Попоски, Сашо Мијалков, Ѓулистана Марковска, Даниела Рангелова, побараа оставка од Мицкоски.

Иницијативата на т.н. “Мериот коалиција“ беше неуспешна и исчезна по неколку месеци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче до медиумите: Одговоривте професионално за време на кризата, имавте важна улога во нејзиното справување

Редакција

Русија нема повеќе да учествува во Советот на Европа

Редакција

Од 2.362 починати од Ковид-19, 1.850 не биле вакцинирани

Редакција