еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Не можам да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ има фракции, се обидуваат да ме сменат четири и пол години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека од неговиот избор за прв човек на опозициската партија се бара негово менување, а партијата станува се појака и пообединета.

Мицкоски, не сакаше да го коментира денешното барање на Оливер Андонов и други членови на партијата, за негова смена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Оливер Андонов прави фракција во ВМРО-ДПМНЕ, ќе го менува Мицкоски

– Кого? Не можам да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ има фракции. Инаку, мене такви луѓе четири и пол години ме менуваат, а ВМРО-ДПМНЕ е се појако, пообединето, посплотено. Така ќе биде и на следните предвремени парламентарни избори со рекордна победа, со мнозинство во Парламентот.

За него немам што да го губам вашето време да го коментирам, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за барањето за негово менување од Андонов и Фракцијата за демократско ревитализирање на ВМРО-ДПМНЕ.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На чаура пронајдена ДНК од мајката: Обвинение за родителите на Коста Кецмановиќ кој изврши масовно убиство во училиште во Белград

Редакција

Со претходни заболувања тројца од новопочинатите од коронавирусот во Македонија

Редакција

Учебникот по историја и општество за петто одделение добил позитивни мислења по корекции, тврди Националната комисија за учебници

Редакција