еМагазин
Image default
Македонија

Заврши распитот на Јанакиески и Ристоски, Обвинителството бара притвор

Во Кривичниот суд во Скопје заврши распитот на Миле Јанакиески и Спиро Ристоски кои заедно со Трајко Вељаноски доцна попладнево беа приведени под сомнение дека се дел од организаторите на настаните од 27 април во Собранието.

Се очекува судот да се произнесе за барањето на Обвинителството да им се одреди мерка притвор.

Вељаноски претходно замина од судот, бидејќи се повикал на пратеничкиот имунитет.

Обвинителката Вилма Рускоска изјави дека барањето за притвор е поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и попречување на истрагата. Таа пред медиумите истакна дека Вељановски си заминал од судот, бидејќи се повикал на пратеничкиот имунитет.

Повеќе детали Рускоска рече дека ќе бидат соопштение на прес-конференција што ќе се одржи во Обвинителството.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицковски: Се апсат луѓе врз изјави на сомнителни лица

Вељаноски: Јас да бидам организатор на настаните? Срамота!

Обвинителството ги гони Вељаноски, Јанакиески, Груевски и Ристоски како организатори за настаните од 27. април

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последното деноноќие нема оздравени од Ковид-19

Редакција

Бектеши уште во полиција, засега за него нема правна квалификација

Редакција

Сиљановска Давкова не го потпишала указот за Законот со кој се предвидуваат двојазични лиценци во градинките

Редакција