еМагазин
Image default
Македонија

Прекршочна постапка против Азис Положани заради недоставување анкетен лист за имотната состојба

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одлучи да покрене прекршочна постапка против Азис Положани, ректорот на Државниот универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, заради недоставување анкетен лист за имотната состојба.

Како што беше истакнато на денешната седница на ДКСК, Положани на функцијата бил избран во април минатата година, а се уште до ДКСК нема доставено анкетен лист за неговиот и за имотот на членовите на неговото семејство, иако според Законот е должен тоа да го направи во рок од 30 дена по стапувањето на функцијата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милошоски и Ременски, министрите Бектеши и Фазлиу: Кој се е на новата листа на Антикорупциска за непотизам

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонците попусто чекаа прием за бугарски пасоши: Бугарија воведува нови правила

Редакција

Поднесени 12 обвиненија за инцидентите на протестот против францускиот предлог

Редакција

Убава вест: Во Дебар деветти ден без новозаразени со корона вирусот

Редакција