еМагазин
Image default
Македонија

Македонците попусто чекаа прием за бугарски пасоши: Бугарија воведува нови правила

Неколку институции во Бугарија најверојатно ќе ја преземат улогата на Агенцијата за Бугари во странство, која досега беше надлежна за прием на документите потребни за издавање бугарски пасоши.

Пред зградата на Агенцијата за Бугарите во странство денеска повторно имаше ред за поднесување документи за бугарско државјанство. Македонските граѓани се пожалија дека не можат да ги поднесат документите поради скандалот во Агенцијата и истрагата за корупција при издавањето бугарски пасоши, јави агенцијата БГНЕС.

Од минатиот месец претседателот на Агенцијата за Бугарите во странство Петар Харалампиев е уапсен. Четворица добија обвиненија – претседателот, генералниот секретар на агенцијата и уште двајца други. Секретарот на агенцијата Красимир Томов во приватниот банкарски сеф чувал повеќе од половина милион лева.

Во меѓувреме, на состанокот на Владата во средата, премиерот Борисов изјави дека агенцијата ќе биде затворена и дека наредил МВР, Министерството за правда и претседателот треба да одговорат по ова прашање од што произлегува дека работата на Агенцијата за Бугарите во странство може да ја преземат неколку институции.

Фото: БГНЕС

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов бара ревизија на издадените бугарски пасоши: Ќе настрадаат ли „побугарчените“ Македонци?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијалков оздраве од ковид и дојде на судењето за “Плацови на Водно”, не го откри рецептот како се „прават“ милиони

Редакција

За звучни имиња Панчевски одлучувал кај кои судии ќе одат, сведочеше службеничка од Кривичен

Редакција

МНР: Средбата на историската и образовна комисија во позитивна атмосфера и размена на ставови

Редакција