еМагазин
Image default
Локално

Лажни вести за киднапирање деца во Гевгелија

По барање на градоначалникот Сашо Поцков, СВР Струмица издаде соопштение со кое преку надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гевгелија го известува населението дека на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност во Гевгелија не се пријавени никакви обиди за киднапирање, ниту за убиства на деца.

Во соопштението, заради смирување на јавноста, децидно се наведува дека станува збор за лажни вести што ги шират неодговорни поединци со цел да внесат страв меѓу граѓаните и се апелира до јавноста да не наседнува на лажни гласини и шпекулации кои претежно се пласираат преку социјалните мрежи.

Истовремено, контактирани се сите училишта и јавни образовни установи за да им се укаже на одговорните лица и вработените дека станува збор за лажни вести.

Од надлежните државни органи градоначалникот Поцков побара против лицата што шират лажни информации преку социјалните мрежи да се преземат санкции согласно законските одредби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татко и син нападнати со стапови поради недоразбирање за напасување добиток

Редакција

Ем ги удрил со кола, ем ја натепал жената која завршила со скршеници и потрес на мозок

Редакција

29-годишна жена паднала од зграда во Охрид, пренесена е во „Св.Еразмо“ на укажување лекарска помош

Редакција