еМагазин
Image default
Локално

Штипјанка измамена преку Фејсбук: Платила над 8.000 евра за да добие 850.000 евра од повреден војник во Авганистан

На 28.02.2019 во 15.30 часот во СВР Штип, 54-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од лице кое го запознала на социјалната мреж Фејсбук на крајот на октомври 2018, информира МВР.

Лицето се претставило дека е од САД и дека е војник во Авганистан. Според пријавеното, во декември 2018 година и кажал дека, бидејќи бил повреден, од авганистанските власти му биле исплатени 850.000 долари, кои тој не можел да ги внесе во САД и дека парите ќе и ги испрати на неа, а таа требала само да ги подмири трошоците на агенцијата-Routenet Express за да можат парите да пристигнат во Македонија.

Жената се согласила и во периодот од 26.12.2018 до 29.01.2019, во неколку наврати уплатила вкупно 7.300 евра и 1.590 долари на агенцијата. Парите требало да пристигнат до 20.02.2019, но до денот на пријавувањето не ги добила, по што заклучила дека била измамена. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ни претстојат пеколни температури, екипите на Црвен Крст на терен

Редакција

Го однел во напуштена куќа и го претепал

Редакција

Во сообраќајка кај кочанско Зрновце загина 23 годишно момче

Редакција