еМагазин
Image default
Локално

Лажна вест е дека имало обид за киднапирање дете во центарот на Куманово

Кумановската полиција ги демантира информациите за грабнување на дете во централното градско подрачје во Куманово, кои се шират по социјалните мрежи и апелираше до граѓаните да не наседнуваат на вакви лажни вести.

Вчера, информацијата за обид за киднапирање на дете се појави во група на социјалната мрежа на Фејсбук.

–Секторот за внатрешни работи Куманово најостро ги демантира дезинформациите и лагите за обид за грабнување на дете во самиот центар на градот, поточно во близина на црквата „Св.Никола“ што неодговорни поединци ги шират на социјалните мрежи. Ваков случај нема ниту на оваа локација, ниту било каде на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово, се наведува во соопштението на СВР Куманово.

Од кумановската полиција аплеираат до граѓаните да не наседнуваат на вакви лажни вести и дезинформации, со кои како што се наведува во соопштението, одредени поединци сакаат да предизвикаат страв и несигурност. Од кумановската полиција апелираа до граѓаните да се информираат од проверени извори на информација.

-Секторот за внатрешни работи Куманово стои на располагање за каква било  информација, со цел да спречи ваквото ширење на лажни вести, се наведува во соопштението на СВР Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажни вести за киднапирање деца во Гевгелија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Напaдната жена на „Водњанска“

Редакција

Вкупно 52 пожари во последните 24 часа, четири сè уште активни

Редакција

Од утре се воведува автобуската линија 50А до Хиподром 2

Редакција