еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Државата ќе треба да плаќа отштета на калуѓерки на МПЦ поради забрана да основаат црква

Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе две пресуди против нашата држава за случаи во кои се игнорирало барањето на две христијански верски здруженија да се регистрираат на национално ниво.

Во првиот случај станува збор за Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст,  кои поднеле апликација во судот уште во 28 септември 2009. O.M., M.И. and Б.Т.,три поранешни калуѓерки во Македонската Православна Црква (МПЦ), го основале здржението на 29 октомври 2008.

Пред судот се жалеле дека на верското здружение не му бил признат статусот на правно лице на национално ниво.

Судот пресудил дека државата треба да му ги исплати на здружението 3.000 евра за надомест на нематеријалната штета, плус сите давачки кои може да бидат наплатени и 1.000 евра за трошоците, плус сите давачки кои можат да бидат наплатени на здружението апликант.

Во вториот случај станува збор за Црквата на Вистинските Православни Христијани, верско здружение на кое не му бил признат статусот на правно лице на национално ниво. Тие поднеле апликација до Европскиот суд за човекови права на 7 јуни 2011.

Судот пресудил дека одговорната држава треба да му ги исплати на здружението 3.000 евра зголемен за било какви давачки кои можат да бидат наплатени, во однос на нематеријалната штета.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице почина од Ковид-19 во Велес, на кислородна поддршка се 8 пациенти

Редакција

Топ пет најтргувани акции на Македонската берза

Редакција

Охрид, Дебар и Ново Село избираат градоначалници

Редакција