Врнежи од снег со среден интензитет и засилен северен изутринава има на Попова Шапка, во Гостивар и на планинскиот превој Ѓавато, а со послаб интензитет во Маврово, Тетово, Крива Паланка, Страцин и на планинските превои Стража и Плетвар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во североисточните и западните делови од државата со наместа остатоци на кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.