еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колку ќе загуби државата од измените на Законот за игрите на среќа?

Рекордни 253 милиони евра, минатата година инкасирале државниот и локалните буџети од индустријата на игри на среќа.

Од тоа, 135 милиони евра од директни приходи и 118 милиони евра, благодарение на индиректните приходи од ДДВ, локални такси, придонеси и даноци за плати, закуп на деловен простор.

Овие податоци споредени со 2017 година покажуваат дека придонесот на индустријата на игри на среќа во јавниот буџет во 2018 година е зголемен за неверојатни 41%.

Со новите предлог измени на законот за игрите на среќа се бара оддалечување на објектите за игри на среќа од училиштата, градинките, факултетите, верските објекти, што би значело дека тие би требало да ги затворат сите свои локали во урбаните средини и да ги дислоцираат на периферијата.

Тоа би придонело до нивна целосна изолација и загуби за бизнисот, што во најлош случај би можело да доведе до колапс на една цела стопанска гранка.

Но индустријата не е единствената која со новите предлог измени на законот би претрпела загуби.

„еМагазин“ истражуваше колкаво е влијанието на оваа индустрија врз државната економија и дојде до статистики кои одат во полза на државата и јавниот буџет, а доколку се имплементираат измените во законот, ефектите врз државната економија и вработувањата би биле погубни.

Со своето работење индустријата на игри на среќа придонесува со една четвртина милијарди евра во буџетот на државата. Имено, само минатата година, државниот и локалните буџети од индустријата на игри на среќа инкасирале рекордни 253 милиони евра.

Од тоа, 135 милиони евра од директни приходи и 118 милиони евра, благодарение на индиректните приходи од ДДВ, локални такси, придонеси и даноци за плати, закуп на деловен простор.

За плати за своите вработени, компаниите приредувачи на игри на среќа издвоиле околу 32 милиони евра, а државата на име на даноци инкасирала 11 милиони евра.

Овие податоци споредени со 2017 година покажуваат дека придонесот на индустријата на игри на среќа во јавниот буџет во 2018 година е зголемен за неверојатни 41%.

Во оваа индустрија, во текот на минатата година се вработиле 40 % повеќе луѓе отколку во 2017, што го потврдува и позитивното влијание кое оваа стопанска гранка го има врз намалувањето на стапката на невработеност во земјата и стабилноста на пазарот на трудот.

Индустријата воглавно вработува студенти и дипломци кои претставуваат околку 15 % од вкупниот број на вработени, а расте и трендот на вработување на млади информатичари, математичари, програмери и електроинженери, за кои компаниите кои работат во оваа гранка континуирано имаат отоврено огласи за работа.

Колку лица зависат од овој бизнис?

Повеќе од 215.000 лица во земјава целосно или делумно зависат од генерираниот личен доход во целиот синџир на вредности кој го создава индустријата на игри на среќа. Сите директно вработени во оваа индустрија, кои ги има околу 7.700, одржуваат уште седум работни места во други стопански гранки, односно индустријата на игри на среќа поддржува скоро 54.000 работни места.

Земајќи ги во предвид и членовите на семејствата,  од оваа стопанска гранка директно и индиректно живее речиси 10% од популацијата во Македонија.

Со своето работење, компаниите во индустријата на игри на среќа поддржуваат голем број други компании, своите добавувачи, кои вработуваат, остваруваат приходи, плаќаат даноци. На тој начин ја стимулираат работата и на други стопански дејности кои се протегаат низ целокупниот синџир на вредности и со тоа директно и позитивно влијаат врз домашна економија.

Од тука, измените на законот за игрите на среќа би биле сериозна закана и за другите стопански гранки. Конкретно, индустријата на игри на среќа влијае врз развојот и  зголемување на обемот на производство на своите добавувачи на кои приредувачите, по основ на набавки на роба и услуги,  минатата година им донеле повеќекратна заработка.

Така на пример, при отворање на ново уплатно место, кои во земјава ги има околу 600, се инвестира од 50.000 до 80.000 евра, а за одржување на постојните уплатни места се издвојуваат по 10.000 до 15.000 евра.

Овие средства воглавно се слеваат во компаниите за производство и продажба на мебел, компјутерска и телекомуникациска опрема, развој на софтвер, набавка и одржување на возниот парк и слично.

Во низата придобивки од опстојување на индустријата на игрите на среќа е фактот, што малкумина го знаат, а тоа е дека 3% од приходот во буџетот се средства наменети за Агенцијата за млади и спорт, директни инвестиции за развој на спортот и младите во нашата земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Портокаловата фаза продолжува, и во наредните денови температури над 40 степени

Редакција

Ќе аплицираме преку Интернет и ќе плаќаме по 7 евра за да влеземе во земјите од ЕУ

Редакција

Постои политички притисок врз колегите од македонскиот дел од Комисијата, тврдат од бугарскиот тим

Редакција