еМагазин
Image default
Локално

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје: Опожарени 40 контејнери изминатите два месеци

Вкупно 40 контејнери наменети за собирање на комуналниот отпад во текот на изминатите два месеца беа опожарени и целосно уништени, информираат од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

„Покрај финансиската штета што му е нанесена на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, овие инциденти доведуваат до големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот.

Апелираме да престане уништувањето на опремата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, за нашите екипи да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски, согласно Оперативната програма за работа.

Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите“, се вели во соопштението.

Фото: Комунална хигиена

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски вестерн: Вооружени лица ја ограбиле патарината кај Глумово

Редакција

Во Велес вработен во обезбедувањето на казино физички нападнат со остар предмет

Редакција

Се преврте автобус кај Кочани, шестмина повредени

Редакција