еМагазин
Бизнис

Велешки „Благој Ѓорев“ лани со добивка

Минатата година велешки „Благој Ѓорев“ остварил добивка по оданочување од 8.557.930 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Вкупните приходи во овој период изнесуваат 508.146.030 денари, што е за 17% помалку, споредено со истиот период претходната година, а како што велат од компанијата е резултат на намалената продажна цена на готовите производи.

Поголемиот дел од приходите се остварени на домашниот пазар.

Расходите на компанијата лани биле 498.606.440 денари и споредено со истиот период претходната година тие се намалени за 18%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поевтинуваат дизелот и екстра лесното, цената бензините останува непроменета

Редакција

„Авицена“ го доби тендерот на Клиниката за ендокрионологија за набавка на реагенси вреден 100.000 евра

Редакција

Народна банка: Ги презедовме сите мерки што ни беа на располагање за да ги заштитиме интересите на штедачите во „Еуростандард банка“

Редакција