еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Макпетрол лани со 2,6 пати поголема добивка

Макпетрол АД Скопје минатата година оствари вкупен приход во износ од 22 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 3,2 милијарди денари, односно остварен е пораст од 17%, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Во структурата на приходите, најголем удел имаат приходите од продажба со учество од 98,6%, коишто приходи се остваруваат 93,7% со продажба на домашниот пазар.

Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 21,1 милијарди денари што претставува зголемување во однос на минатата година за само 2,7 милијарди денари или 14,4%.

На крајот на овој период, Друштвото оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 854,9 милиони денари, односно добивка по оданочување во износ од 778,1 милиони денари, која е 2,6 пати поголема од остварената добивка претходната година кога изнесуваше 301,8 милиони денари.

Основни причини за остварената добивка се следниве: задржана вкупна продажба на енергенси во малопродажбата, особено во продажбата на светлите деривати и метанот на ниво на минатогодишната рекордна продажба и значително зголемување на прометот на останатиот малопродажен асортиман (ДАС), зголемување на приходи од продажба на странски пазар за 33% при што е постигнат позитивен нето-девизен ефект од 10,475 милиони евра, зголемување на оперативната добивка за цели 158%, зголемување на приходи од вложувања, камати и курсни разлики во однос на истиот период од минатата година за 60%, зголемување на останатите оперативни приходи за 46% при што најголемо учество имаат наплатените резервирани побарувања.

Негативно влијание врз остварената добивка е најизразено кај зголемувањето на расходите за вредносно усогласување на тековните и на нетековните средства, како и кај расходите по основ на камати“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Техничка причина или изговор: „Газпром“ не може да гарантира дека гасоводот „Северен тек“ преку кој се доставува гас во Европа ќе може добро да работи

Редакција

Колку пари чуваат граѓаните и фирмите во Комерцијална банка

Редакција

Обвинетиот од сообраќајката кај Млечен ќе оди во затвор, Апелација ја преиначи казната

Редакција