еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Техничка причина или изговор: „Газпром“ не може да гарантира дека гасоводот „Северен тек“ преку кој се доставува гас во Европа ќе може добро да работи

Руски Газпром соопшти дека не може да гарантира дека гасоводот „Северен тек“ преку кој се доставува гас во Европа ќе може добро да работи.

Компанијата наведе дека не може да потврди дека ќе успее да стигне до германската турбина што беше поправена во Канада.

Гасоводот не работи десет дена поради редовен годишен ремонт, а европските земји стравуваат дека Москва би можела да се обиде да најде техничка причина како изговор за трајно да ја запре испораката на гас преку гасоводот и со тоа да изврши притисок врз нив во однос на конфликтот во Украина.

Дури и пред „Северен тек 1“ да биде затворен поради ремонт, Русија значително го намали снабдувањето со гас во последните неколку недели, оправдувајќи го со недостигот на турбини на Сименс, кои ѝ се потребни на Русија за работа на станиците за компресија на гасоводот и чиишто делови беа испратени во Канада за поправка.

– Газпром во моментов нема никаков документ што би му дозволил на Сименс да го изнесе од Канада турбинскиот мотор за станицата за компресија Портовај, соопшти Газпром и додаде дека во такви услови е невозможно да се потврди безбедното работење на таа станица за компресија, која е неопходна за гасоводот Северен тек.

Канада во саботата соопшти дека на Германија ќе ѝ ги врати турбините на „Северен тек“ и покрај воведените санкции против Русија.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека одлуката е тешка, но додаде дека санкциите се воведени за да се казнат Владимир Путин и неговите пријатели, а не канадските сојузници и жителите на Европа.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трговците да го следат примерот на КАМ маркет, кој ги замрзна цените на 100 производи

Редакција

Убава вест: Оздравени 24 заболени од Ковид-19

Редакција

Поранешниот управен судија Шахини осуден на 5 години затвор за злоупотреба на службената положба

Редакција