еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Почната е постапката за екстрадиција на хрватскиот државјанин Иванагиќ, осомничен во случајот против Зеќири

Почната е постапка за екстрадиција на хрватскиот државјанин Даниел Иванагиќ, информираа денеска од Министерството за правда.

Иванагиќ се води како коспоственик на консултантското друштво „Интерхолдинг“, кое се споменува во случајот со притворањето на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири и „Македонска пошта“.

– Добиено е известување од Интерпол Скопје дека Иванагиќ е лишен од слобода во Словенија врз основа на распишана меѓународна потерница од надлежните правосудни институции.

Барањето за екстрадиција е доставено до Министерството за правда на Словенија согласно роковите утврдени со Законот за меѓународна соработка во кривична материја и Европската конвенција за екстрадиција, поради основано соменние за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, наведуваат од Министерството за правда.

Иванагиќ, се наоѓа во екстрадициски притвор во Словенија, откако е уапсен на граничен премин при обид за влез во Словенија, врз основа на распишана меѓународна потерница.

До Министерството за надворешни работи се уште нема пристигнато известување за овој случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Словенија притворен Хрватот Иванагиќ, осомничен во случајот против Зеќири

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Лекар нападнал колега во болницата во Куманово

Редакција

Загрижувачки настан: Група малолетнички тепале 14-годишно девојче во Скопје

Редакција

Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот „Јавна соба“

Редакција