еМагазин
Image default
Македонија

Канческа дојде, отсуството на сведоци го одложи предметот „Тендери“ за 4. април

Поради неприсуство на повиканите сведоци за случајот “Тендери” на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денешното рочиште се одложува за 4. април.

Во судница беше присутна првообвинетата поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, која се терети за кршење на постапката на тендерот за изградбата на Музејот на ВМРО.

Судијата Осман Шабани рече дека со акти ќе ги обезбеди сведоците за следното рочиште.

– Со оглед дека не се присутни повиканите сведоци расправата се одложува, но ќе ги обезбедам по телефон и ќе добијам одговор од МВР, изјави судијата Осман Шабани.

Посочи дека во зависност од одговорот од МВР за адресите на живеење и нивната достапност, сведоците ќе бидат повикани по телефон.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравеа нови 97 заболени од корона вирусот, вкупната бројка до сега е 4.565

Редакција

Антикорупциска отвара предмет за тендерот од 1,8 милиони евра, кој го доби донатор на ДУИ

Редакција

Запленета поголема количина марихуана: Уште трае акцијата во скопско Арачиново, која почна синоќа

Редакција