еМагазин
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

ДИК наместо да моли да казнува за предвремената кампања на Пендаровски и Силјановска

Државната изборна комисија мора посериозно да си ја сфати улогата и наместо да ги моли кандидатите на претседателските избори да го почитуваат Изборниот законик треба да го санкционира секое прекршување.

А прекршување има бидејќи Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова не се симнаа од ТВ и Интернет иако изборната кампања се уште не е започната.

Во член 69а став 1 од Изборниот законик се вели дека: „За изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми“.

Ако кандидатите не се способни да ги почитуваат законите пред да почне кампањата, зошто граѓаните воопшто би им дале доверба за претседателски мандат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брачен пар од Македонија заглавен во Газа, се прават напори да се вратат преку Египет

Редакција

Кој е Неждeт Мустафа, новиот заменик министер за односи со заедници

Редакција

(Видео) Рускиот амбасадор во Полска испрскан со црвена боја на церемонија за Денот на победата на фашизмот

Редакција