Професионалниот војник Татјана Лазаровска јавно на нејзиниот фејсбук-профил изрази поддршка за напаѓачот во Нов Зеланд и побара да му се даде Нобелова награда за храброст.
Таа ја вознемири јавноста имајќи предвид дека станува збор за лице кое е вработено во АРМ. Од таму најавуваат одговорност и преземање на соодветни дисциплински мерки.
„По сознанието од наша страна, согласно законските регулативи и надлежности е отпочната постапка за утврдување на одговорност и за преземање соодветни дисциплински мерки. Генералштабот најостро го осудува секој облик на изразување на било каков вид на нетрпеливост, дискриминирачко однесување или поддршка на истите од било кого. Од Генералштабот е наложено до потчинетите команди и единици секогаш да се преземат соодветни мерки за спречување и најостро санкционирање во рамки на законските надлежности на било кој непримерен облик на однесување и нарушување на угледот на Армијата од страна на своите припадници“, велат од АРМ.
Во меѓувреме, Лазаровска го избришала нејзиниот фејсбук-профил.
Во нападот на две џамии во Нов Зеланд загинаа 49 лица.
Фото: АРМ