еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЗК Пелагонија: Стопанска банка Скопје наплати 2 милиони евра недоспеани кредити и им зема 10 плати на работниците

Најголемиот земјоделски комбинат ЗК Пелагонија, во моментов сите свои тeковни обврски ги извршува успешно, велат од компанијата по повод штрајкот на вработените за неисплатени плати.

Од таму додаваат дека во овој период од годината кога е завршена есенската сеидба, работат на пролетната прихрана и набавуваат хибриди за новата пролетна сеидба, комбинатот е изложен на голем број трошоци кои што се приоритет, како би можел да продолжи производниот процес од кој што зависи целата држава.

„Финасискиот трошок во овој период изнесува три до четири милиони евра, или поединечно: пролетните хибриди кои што веќе се набавени го чинеа комбинатот 1.000.000 евра, заштитата 1.200.000 евра и прихраната на есенската сеидба 1.000.000 евра.

И во минатото и денес, ЗК Пелагонија беше и се уште е финансиски стабилна. Одредените проблеми со кои што се соочи, беа директно предизвикани од Стопанска банка Скопје, која што наплати 2.000.000 евра недоспеани кредити. Во превод, ова значи дека 10 плати на нашите работници, беа предвреме земени. Притоа, треба да додадам дека платите на вработените во ЗК Пелагонија не се минимални.

Колку за пример, трактористите во зависност од категорија земаат надомест од 25.000 до 40.000 денари. Просечната плата на нашите вработени изнесува 550 евра. Затоа, ние како раководни лица, проблемот со доцнењето на платите, се обидуваме да го надминеме на најлесен можен начин, без притоа инцидентно да носиме одлуки кои што на долг рок негативно ќе влијаат врз иднината на Комбинатот или на нашите вработени.

Штрајкот на работниците е легитимно право во секоја работна организација. Па така и во нашата. И никој ова право не го оспорува. Но она што мораме да го знаеме и ние но и нашите вработени, е дека производниот процес не смее да застане. Треба да бидеме свесни дека ЗК Пелагонија е комбинат од кој што зависи функционирањето на целата држава“, изјави финансискиот директор, Павле Цветаноски.

Тој додава дека за сите успеси но и проблеми со кои што се соочува, секогаш навремено ги известувал своите вработени, кои што се еден од најзначајните сегменти во целокупното наше работење.

„Така беше и на последната средба со нив, на која ги известивме дека февруарската плата ќе им биде исплатена во следните 2-3 дена. Без разлика на тензијата која што се обидуваат да ја внесат дел од македонските медиуми, доцнењето на февруарската плата е 12 дена.

Со сите сили и со се што е во наша моќ, се трудиме да го надминеме секое и најмало доцнење, но од друга страна и да ги задржиме сите вработени на број затоа што сме свесни дека цели семејства живеат од финансиските надоместоци на ЗК Пелагонија кон наши вработени“, додава тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Промени во МВР: Кои се новите началници и нивните заменици?

Редакција

Во МАНУ има членови од албанска националност, вели академик Фити

Редакција

(Воземирувачко видео) Во земјотресот кој ги погоди Турција и Сирија најмалку 500 загинати

Редакција