Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година е зголемено за 7.3%.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен бележи пораст од 2.9 %, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 7.3 %, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4.8 %.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, бележи пораст кај енергија за 7.1 %, интермедијарни производи, освен енергија за 13.5 %, капитални производи за 1.7 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.3 %, додека опаѓање бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 1.4 %.