еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Инфлуенсери: Нова маркетинг „алатка“ на компаниите

Менаџери во истакнати компании од областа на маркетингот и комуникациите од Адриатик регионот, ПР експерти, ТВ лица и инфлуенсери ги споделија своите знаења и искуства на конференцијата „Нови комуникациски трендови и инфлуенсер маркетинг”, што се одржа вчера во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Конференцијата ја организираше Македонската асоцијација на агенции за маркетинг (МААМ) во која членуваат 14 агенции, лидери во комуникациската индустрија во земјава.

На оваа конференција за своите искуства со новите комуникациски трендови и за предизвиците со кои се соочуваат во работата зборуваа истакнати професионалци од Адриатик регионот, како што се Срџан Ерцег од Huge Media од Србија и ТВ коментатор во Спорт Клуб, Домен Маврич и Алеш Грахек од Avi Словенија, Љубица Вукчевиќ од DM, Данка Трбојевиќ од Drive од Србија, Коста Петров, претприемач, ПР експерт и писател, Зоран Спасов – Зоф од Klip Media Group, Игор Трајковски од Time.mk и Сергеј Варошлија, ТВ лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Варошлија за македонските инфлуенсери: Модерна проституција во 21 век

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Растеме заедно“- Бимилк и СОС Детско село ја продолжуваат соработката преку стратешко партнерство

Редакција

„Мал Битолски Монмартр” и покрај се ќе се одржи со донации, па и со кредит ако треба, велат организаторите

Редакција

Средните стручни училишта ги отворија вратите за идните средношколци

Редакција