еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ЕВН лидер во практиките за безбедност и здравје при работа

На одбележувањето на 28-ми април Светскиот ден за безбедност и здравје при работа „ЕВН“ доби најмногу награди. Националниот совет за безбедност и здравје при работа на „ЕВН Електрани“ им ја додели главната Национална награда за најдобри практики за 2018.

Проектите „Заштитно техничка документација“, „ Денови без повреда“ и „Најдобра фотографија“ беа оценети како најдобри  практики за подигнување на свеста кај вработените за безбедноста и здравје при работа.

Покрај националната награда, стручните здруженија од областа на безбедност и здравјето при работа доделија награди во повеќе други категори.

ЕВН и во оваа конкуренција осви неколку награди.

Враќањето по цели 30  години на предметот „Безбедност и заштита при работа“ во наставната програма за учениците на ЕВН паралелката во СЕТУ „Михајло Пупин“ од Скопје, што е дел од проектот „20-20-20“ на ЕВН Македонија и ја донесе првата награда.

Проектите за доопремување и модернизирање на тренинг центарот во Македонски Брод и воведувањето на нови обуки и интерната кампањаза безбедност при работа на „Електродистрибуција“ како и воведувањето на позитивни практики во безбедноста при работа на „ЕВН Електрани“ им ја донесоа втората награда од стручните здруженија.

„ЕВН и годинава покажа дека е лидер во воведувањето на позитивни практики во сегметот на безбедност и заштита при работа со што останува доследна на стратегиите дека безбедноста на вработените е на прво место“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новинарот на „360 степени“ Јовановски ја доби наградата „Жан Моне“ за најдобра сторија

Редакција

„Бритиш Американ Тобако“ стана работодавач-партнер во седум различни земји!

Редакција

(Фото) Дрогериите dm подаруваат бесплатна промена на изгледот

Редакција