еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска се одбележува денот на лицата со аутизам: Повеќето од нив доживуваат дискриминација на различни полиња од животот

Здружение за унапредување на квалитетот на животот на лицата со аутистичен спектар на нарушување „Сина Светулка“ – Скопје оваа година ја поддржува кампањата на Аутизам Европа која гласи „Нови динамики за аутизмот“.

Се проценува дека 7 милиони луѓе се во спектарот во Европската Унија. Повеќето од нив доживуваат дискриминација на различни полиња од животот. Со цел да одговориме на дневните предизвици со кои се соочуваат лицата со аутистичен спектар на нарушување се приклучуваме кон Европската кампања за 2019 година, заедно со 90 организации во 26 европски држави.

Ве охрабруваме да го направите „симболот за аутизам“ како поддршка да се промовира социјалната инклузија и прифаќање на различноста.

На 2 Април ќе ја подигнеме свесноста за аутизмот преку едукативно дружење во ресторанот Umbrella со родителите на децата со аутизам на тема „Однесувањето на децата со аутизам“. Предавањето и дружењето е предвидено да трае од 18 до 21 часот.

Исто така, родителите кои ќе дојдат ќе ја добијат книгата Аутизам – Да се биде професионален родител од проф. д-р Олга Богдашина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување од 35%: Минатата недела 26 лица по вторпат заболеле од Ковид-19

Редакција

Тие што прележале Ковид-19 не мораат да брзаат со (ре)вакцинација, порачува Трајковски, повикувајќи се на рускиот вирусолог Зверев

Редакција

„Обој го светот портокалово“: Една од три жени на возраст од 15 години биле изложени на физичко или сексуално насилство

Редакција