еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Тие што прележале Ковид-19 не мораат да брзаат со (ре)вакцинација, порачува Трајковски, повикувајќи се на рускиот вирусолог Зверев

Професорот на Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој редовно на својот Фејсбук профил ја анализира состојбата со коронавирусот, овој пат преку сторија во руска „Правда“ го пренесува личното искуство на рускиот вирусолог Виталиј Зверев.

“Во текстот во московска „Правда“ вирусологот Виталиј Зверев, член на Руската академија на науките, порачува дека прележаните од Ковид-19 не мораат да брзаат со (ре)вакцинација и тоа го поткрепува со личниот пример.

Имено, на почетокот од годината самиот заболел од Ковид-19. По прележувањето мерел антитела во крвта и истите по извесно време исчезнале. Потоа се случило да стапи во контакт со тешко болен роднина и по контактот со него титрите на антитела кај него одново покажале висок резултат.

Вториот пат Виталиј Зверев немал никакви симптоми на заболување.

Ова кажува дека кај него проработил имунитетот на клеточно ниво.

Според зборовите на експертот, при повторниот контакт со корона вирусот организмот брзо ги мобилизира средствата за борба, бидејќи клеточниот имунитет ја зачувува информацијата за антигените после инфекцијата. Антителата можат да исчезнат, но клеточниот имунитет останува.

Клеточниот имунитет исто така не е вечен. За морбилите тој изнесува 10 години, но за ковидот ќе мора да помине извесно време за да може за тоа да се зборува поконкретно.

Виталиј Зверев подвлекува дека тој што се вакцинирал не треба да се ревакцинира, дотолку повеќе не со истата вакцина како првиот пат, што било антинаучно. Ако излезеле, пак, поинакви научни докази, тие требало да се приложат.

Вирусологот забележал дека списокот на споредни ефекти од било кој препарат ќе биде познат пет години од почетокот на неговото испитување, така што вакцинацијата против коронавирусот засега е еден голем експеримент.

За долгорочните споредни ефекти никој ништо досега не знае, ниту во Русија, ниту во странство. Впрочем, како и за долготрајноста на дејството на вакцините“, пишува Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Грозданова: Лицата кои прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат најрано три месеци по оздравувањето

Поскапо летување во Грција за невакцинираните и тие што не прележале Ковид-19

Директорката на Инфективна, Стевановиќ: И тие што прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР: Дисциплинска одговорност за полицајците кои незаштитени приведоа момче со куче

Редакција

Ќерката на Чавков: Ќе си лежи оној што ја измисли вилата на Халкидики

Редакција

Само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска, порача Пендаровски од Пелинце

Редакција