еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Филипче на гости кај Блаже Сапунџиев, кој доби бубрег од младата Верица

Министерот за здравство, Венко Филипче го посети Блаже Сапунџиев од Кавадарци, кој доби бубрег од младата Верица Белчовска, која загина во сообраќајна несреќа, а чии органи беа донирани и спасија неколку животи.

“Вчера во Кавадарци имав чест да ја слушнам инспиративната животна приказната на младиот Блаже Сапунџиев.

Тој уште од четири годишна возраст бил на дијализа заради проблеми со бубрезите, се до неговата девета година кога му е пресаден бубрег, кој му го донира неговата мајка, Форка.

За жал, на 18 годишна возраст, бубрегот откажува и Блаже мора да продолжи со дијализа. Дијализа прима уште десет години до својата 28 година.

Во април годинава, Блаже добива нов пресаден бубрег од Верица, девојката која трагично настрада во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство спаси четири животи со донирање на нејзините органи.

Блаже денес живее живот без дијализа со своето прекрасно семејство, благодарение на органодарителството и хуманоста на семејството на Верица.

Во изминативе 15 месеци навистина постигнавме чудо во оваа област. Изведовме четири трансплантации на срце, 12 на бубрези и за прв пат се изведе трансплантација на коскено ткиво“, напиша Филипче на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Мајката на Верица Белчовска доби вработување во канцеларијата на Заев во Струмица

Убава вест: Преку донатори се обезбеди и вработување за таткото и братот на Верица, чии органи спасија неколку животи

Убава вест: Семејството на Верица, која спаси неколку граѓани, ќе добие стан на користење во Струмица

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

еМагазин се приклучува на иницијативата Драмски театар да го носи името на Горан Стефановски

Редакција

Нови 298 случаи на Ковид-19 од 2.831 тестирања

Редакција

Пет лица починале од Ковид-19 во февруари

Редакција