еМагазин
Свет

Во 70 земји е незаконски да се биде хомосексуалец, во седум се казнува со смрт

Драконскиот закон во Брунеј донесен пред два дена, каде хомосексуалноста ќе се казнува со смрт со каменување, предизвика бурни реакции во светската јавност, посебно меѓу поборниците за човекови права.

Но, тоа не е единствената земја каде луѓе се прогонувани само поради нивната сексуална оријентација, наведува Си-Ен-Ен.

Според минатомесечниот извештај на Меѓународното здружение на лезбејки, геј, бисексуални, транс и интерсексуални лица (ИЛГА), а кој се однесува на хомофобијата на државно ниво, шест држави членки на ОН имаат смртна казна за консензуален истополов секс, а Брунеј стана седмата.

Во извештајот се посочува дека смртна казна за таков сексуален чин е можна во уште пет земји-членки.

Консензуалните истополови односи се криминализирани во дури 70 држави, членки на ОН.

Во 26 од нив казната за хомосексуален секс варира од 10 години до доживотен затвор.

МИА/Фото: ISTOCK/SVETIKD

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Бројот на загинати од земјотресот во Мароко се искачи на над 2.000

Редакција

СЗО: Опасната индиска мутација на Ковид-19 ќе се прошири низ Европа

Редакција

Турција почна офанзива „Пролетен штит“ како одмазда за загинатите 33 војници во Идлиб

Редакција