еМагазин
Image default
Интервју

Мојсовска-Иванова: Не сум личност која експериментира, затоа Ланголо ми е сигурен избор

Тоа што „Ланголо“ е во моето најблиско соседство, ме прави една од ретко привилегираните скопјани, вели Бојана Мојсовска Иванова, адвокатка од Скопје. Таа ни раскажува дека пред самото отварање на кафулето стравувала дека тоа ќе биде некое бучно ново место, кое ќе го наруши мирот и тишината во маалото, меѓутоа набрзо се уверила во спротивното.

Приказната за „Ланголо“ кој од обичен празен објект се трансформира во урбана дневна просторија, за Бојана значи резервиран дел од денот за кратко уживање помеѓу неколку обврки и секојдневни средби. Таа додава дека првиот контакт со местото го имала уште пред самото негово отворање, додека сѐ уште се уредувал неговиот ентериер и уште тогаш се насетувало дека тоа ќе биде одлично место.

Според неа, кога некој посветува огромно внимание на просторот, дизајнот и деталите, тоа секако ветува дека ќе се гради успешна приказна.

Ваков разговор се одвиваше на улицата „Никола Тримпаре“ во Скопје во зградата број 33 кој испреплетен со италијанската миризба од кафето, навестуваше отворање на новата пролетна сезона под отворено небо.

Природата на нејзината работа подразбира чести средби со клиенти, кои неретко знаат да бидат неформални и затоа истите ги закажува токму во „Ланголо“. И покрај тоа што поседува кафе-машина во својата канцеларија, праксата да го пие утринското кафе со колегите во соседството и преминало во навика.

Првиот контакт со Caffe Italia го остварила веднаш по отворањето на „Ланголо“, а првата презентација на видовите и вкусовите го добила од сопствениците на кафулето.

„Во последно време пијам само две шолји кафе дневно, со тоа што првото, утринското е секогаш еспресо, а второто околу пладне може да биде и макијато.

Кафе пијам поретко од порано и баш од тие причини не правам апсолутно никаков компромис кога станува збор изборот на кафе и неговиот квалитет. Мора да е квалитетно, моќно, ароматично, приготвено внимателно, по сите стандарди“, вели Бојана.

Таа додава и дека персоналот во „Ланголо“ е одлично обучен и трпеливо и со внимание ги презентира вкусовите кафе на секој посетител.

Првото кафе кое го дегустирала во „Ланголо“ е „Марко Поло“, потоа долго време се задржала на Микеланџело, а сега „Леонардо“ е нејзиниот единствен избор. Овој топол напиток го опишува како комбинација од совршена арома, јак вкус и моќност – токму она што го бара од совршена шолја кафе.

Разговорот со нас заршува со нејзиниот став околу денешниот тренд на кафе – шемата.

Нејзин впечток е дека младите сѐ повеќе експериментираат и трагаат по нешто ново и квалитетно, отворени се за нови нешта, не се плашат да пробуваат новитети и да ценат кога е нешто добро и квалитетно.

Таа со задоволство ја пренесува приказната за „Ланголо“ на сите свои пријатели и деловни соработници и нејзин совет е сите кои се вистински љубители на кафе, дека треба да го посетат ова  урбано катче каде со сигурност би го пронашле вкусот кој токму нив им одговара.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тасев: Подготвуваме куќа за родителите на децата кои се лекуваат од рак, да имаат каде да спијат

Силвана Жежова

Доктор Јовиќ, хирург уролог: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

Редакција

Психологот Велески за менталните последици од Ковид-19: Егото го расипува телото, треба да се подготвиме за заштита

Редакција