Режисерот и професор Златко Славенски починал денеска на 53 годишна возраст.
Славенски, според „СДК“, починал на работно место, односно на час со студентите на Факултетот за драмски уметности каде што бил професор и шеф на катедрата за театарска режија.
Тој е режисер на претставите „Будење“, „Соларис“, „Папокот на светот“, а меѓу последните претстави му беа „Бесови“ во 2011 и „Сината птица“ во Македонскиот народен театар (МНТ) во 2014 и „Кавкаски круг со креда“ во Драмски театар во 2013.
Фото: Фејсбук-профил на Славенски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.