На 10.04.2019 година во 19.20 часот во СВР Штип, С.К.(59) од Штип пријавила дека била измамена од лицата В.К.(43) и С.К.(42) од Штип, информира МВР.
Според пријавеното, во јуни 2018 лицата ја довеле во заблуда С.К. под изговор дека ќе изградат заедничка куќа на ул „Христијан Карпош“ во Штип, доколку го продаде нејзиниот стан на ул„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип.
Како што пријавила С.К., во јули 2018 го продала станот и парите ги дала на В.К. и С.К.. Според пријавеното, тие ја оставиле да живее во импровизирана куќа, по што таа во повеќе наврати се обидувала да разговара со нив, но тие не и одговарале. По одреден период С.К. заклучила дека е измамена. Лицата В.К. и С.К. биле повикани во Полициската станица Штип и се работи на расчистување на случајот.