Македонската пејачка Каролина се наоѓа во Њујорк за изложбата на нејзиниот сопруг Михаил Корубин. Изложбата ќе биде отворена на 18. април во галеријата MC-Њујорк.
Каролина инаку е инспирација на уметничките слики кои ќе бидат изложени, а нејзина слика, насликана од сопругот Корубин се наоѓа и на нејзиниот последен албум.
Таа објави фотографија на Инстаграм, пред нејзината омилена слика „Анима“, а и ја долови атмосфера од подготовката на изложбата.
Фото: Инстаграм-профил на Каролина
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.