СВР Битола поднесе кривична пријава против М.К.(54) од Скопје и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “повреда на правата од работен однос“, информира МБВР.
Во периодот од 12.09.2018 до 25.10.2019 година првопријавениот, како управител на второпријавеното правно лице, спротивно на Законот за работни односи и Законот за минимална плата, на вработениот З.В. му исплаќал минимална плата, односно не му исплаќал додатоци на плата за работен стаж, ноќна и прекувремена работа, работа во ден на неделен одмор и надоместок за боледување.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.