еМагазин
Image default
Бизнис

Раст на депозитите и кај фирмите и кај домаќинствата

Податоците на Народната банка покажуваат дека вкупните депозити оствариле годишно зголемување од 11,1 отсто, додека кредитите за девет отсто.

Раст е забележан и кај депозитите и кај кредитите и на корпоративниот сектор и на домаќинствата.

Во текот на март на месечна основа кај депозтите има раст од 0,4 отсто во услови на раст кај двата сектора со поизразен придонес на секторот домаќинства.

Во март 2019 година, вкупните депозити на корпоративниот сектор се повисоки за 0,3 отсто на месечно ниво, што произлегува од зголемувањето на долгорочните денарски депозити, краткорочните депозити во странска валута и депозитните пари, што делумно е неутрализиран преку падот на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута.

На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор растат со 12,1 отсто, во најголем дел заради зголемувањето на депозитните пари и на краткорочните депозити во странска валута и во денари, при помал, но позитивен придонес и на долгорочните депозити.

Вкупните депозити на домаќинствата, бележат месечен раст од 0,2 отсто, што се должи на зголемувањето на долгорочните депозити во денари и во странска валута и краткорочните депозити во странска валута, во услови на остварен пад кај депозитните пари.

Стапката на годишен раст на депозитите на домаќинствата изнесува 8,7 отсто, пред сè како резултат на порастот кај депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при позитивен придонес и на долгорочните депозити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст на кредитите во март

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Решен е проблемот за петте фирми кои имаат поставени фотоволтаици, ќе бидат снабдувани од ЕСМ Продажба

Редакција

Владата резервира авиобилети за 287.000 евра

Редакција

Договорите на определено ќе бидат најмногу на две години, нема да има горна граница за годишниот одмор

Редакција