еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Тепачка“ за гласовите на Блерим Река

Кај кого ќе отидат речиси 80.000 гласови што ги освои Блерим Река во првиот круг од претседателските избори е прашање од милион долари за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, кои очигледно уште од денеска ќе почнат со калкулации и стратегии како да се освојат гласовите на граѓаните Албанци во вториот круг од гласањето.

Ќе им препорача ли Река на своите гласачи за кого да го дадат гласот во вториот круг, дали СДСМ ќе најде начин да ги „поткупи“ Беса и Алијансата на Албанците со по некое министерско место, ќе успее ли ВМРО-ДПМНЕ да ги убеди овие две партии дека имаат заедничка иднина по следните парламентарни избори се дополнителни дилеми кога се анализираат можните договори пред гласањето во вториот круг.

Иако Река веќе изјави дека неговите гласови нема да бидат предмет на пазар јасно е дека пазар е можен, посебно ако се земат предвид досегашните претседателски избори кога Албанците под партиски директиви знаеја да излезат и да го дадат гласот за подобниот кандидат.

Какви и да бидат резултатите по вториот круг, многу поважно е што нашата земја успеа да одржи мирни избори речиси без ниту една дамка што да се надеваме ќе стане практика во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гласовите со кои Киро Глигоров стана претседател „научна фантастика“ за Пендаровски и Силјановска

Твитер „збесна“ за изборите: „За прв пат Бојкотирам и ДУИ се на иста линија

Најнови податоци од ДИК: Пендаровски 322.605, Силјановска-Давкова 318.247, Река 79.725 гласа

Фото: Река/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ќе дава логистичка подршка за укинатиот Центар за македонски јазик во Лерин, најави Мицкоски

Редакција

По случувањата со Договорот од Преспа во Македонија, Мицотакис вели дека договорите се однесуваат на државите, а не на владите

Редакција

(Видео) Како звучи „Бисер Балкански“ препеана од „Некст Тајм“

Редакција