Денеска се обележуваат две години од немилите настани во македонското Собрание.
Реакциите на социјалните мрежи се различни.
Ви пренесуваме дел од реаакците на твитерџиите:
27.04 е аларм за тоа, што се случува кога се водат политики на поделби и водење сметка само за лични интереси. На овој ден си ја спасивме земјата од злите намери на алчноста за власт. Ја одбранивме демократијата и застанавме на патот на автократијата. pic.twitter.com/RZMqP89Ugn
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) April 27, 2019
Денес е двегодишнина и од пеењето на химната на друга држава во македонскиот парламент.
— Нервозната (@toopersonal_1) April 27, 2019
Во меѓувреме го пуштивте груевски да избега… https://t.co/hD4fCLizXE
— Dimko (@ddimkooooo) April 27, 2019
Да не се заборави дека вратарите беа наградени, ем ги амнестираа ем си лапаат тендери сеуште.
Хахахах наеднаш станаа толку сентиментални не пали 27 ми повеќе, сфатија и малите деца дека 27 ми е една невидена местенка. pic.twitter.com/3uRdV4nqgM— patkarka (@patkarka) April 27, 2019
Пред две години државата ни беше на работ на граѓанска војна. Денес ние сме светол пример за решавањето на замрзнатите конфликти, помирувањето и соработката.
Нештата денес не се такви какви што сакаме да бидат, но сигурно не се такви какви што беа.
— Алчинов (@DAlcinov) April 27, 2019
Мојата глава… Моите колеги… Нашиот 27 април… Да не се заборави… Никогаш да не се повтори! pic.twitter.com/1ydFQfFr5c
— Радмила Шекеринска (@Sekerinska) April 27, 2019
Како вчера да беше кога пред две години се криеа луѓе по туѓи станови за не ги најдат и уапсат во случај Иванов да прогласи вонредна состојба.
Единствен грев на овие луѓе беше што беа критични кон тогашната власт!
И не, не се сите исти!
— ПолитичкиНекоректен (@nekorektniot) April 27, 2019
Ќе ги амнестираме и после ќе викаме да не се повтори
— Шукар Чавела (@jovanatozija) April 27, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Ретроспектива: Две години од „крвавиот четврток“ во Собранието
Фото: Села/Фејсбук