Автопатот Скопје-Штип ќе биде пуштен до крајот на мај, изјави денеска премиерот Зоран Заев од Струмица.
„Важно за целата деловна заедница е инфраструктурниот развој. Интензивно се работи и на експресниот пат Штип-Радовиш. Ќе има патни поврзувања преку Вељуса директно до автопатот. Се прават конечните разговори за гасоводно поврзување на општина Струмица со Петрич, Р. Бугарија. Се реализираат 49 патни правци низ државата“, информираше премиерот Заев.
Фото: Министерство за транспорт и врски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.